заболсне | св.
заболување | ср.
Болка. Ги триеше очите до заболување.
заборав | м.
Состојба на губење, на престанување на паметењето, на сеќавањето за некого или за нешто; заборавање. Времето донесува заборав. Тој зачувал од заборавот голем број песни и приказни.
заборавен 1 | прид.
Што е занесен, што е како изгубен. Целиот е заборавен.
заборавен 2 | прид.
Што заборава;
заборавеник | м.
Лице што лесно или брзо заборава, што не памети добро; занесеник. Не сакам да имам ништо со тој заборавеник.
заборави | св.
Пропушти да направи нешто. Заборавил да дојде. Заборави да ја затвори вратата. Јас се заприкажував и заборавив да те поздравам.
заборавлив | прид.
Што е расеан, што не памети, што лесно заборава. Беше стар и заборавлив.
забори | св.
Почне да соборува, да кутина некого. Му се доближи од зад грб и го забори.
заборчи (се) | св.