завтаса | св.

Втаса, стигне, дојде до некого што е понапред. Тој го завтаса селанецот и го удри со грбачот. Брзаше да ја завтаса колоната.

завчас | прил.

Многу брзо, веднаш, вчас. Уморот завчас исчезна. Завчас се облече и излезе.

завчера | прил.

Денот пред вчерашниот. Од завчера даваат стока на вересија. Од завчера не сме се виделе.

завчерашен | прид.

Што се однесува на завчера. Завчерашен леб. Завчерашен весник. Завчерашна седница.

завјаса (се) | св.

Почне да вјаса; вјаса_1_2 Децата завјасаа по патот.

завјасан | прид.

Што вјаса; забрзан.

загаден | прид.

Што не е чист, што содржи штетни, опасни материи за здравјето. Загаден воздух. Загадена вода. Загадени бунари. Загадени простории.

загади | св.

Направи нешто да биде штетно, опасно за употреба; зарази, инфицира. Го загадија бунарот. Ја загадија храната.