заглушителен | прид.
заглушлив | прид.
заглушувачки | прид.
Што е многу силен и може да заглуши; Заглушувачки истрел.
загмечи | св.
Почне да гмечи. Силно го загмечи грозјето.
загнаси | св.
Загади, извалка. Селаните ја загнасија реката. Кучето пак ги загнаси скалите.
загне се | св.
Се стрчне, се залета, јурне по/кон некого. Едно куче се загна по него. Излегоа на улицата и се загнаа да ги бркаат децата. Беше се загнал да го фати.
загнезди се | св.
Направи гнездо; гнезди се. Една ластовичка се загнезди под нашата стреа.
загнете | св.
Почне да гнете, да пика нешто. Таа ја загнете печката со ќумур.
загние | св.
Почне да гние;
загниен | прид.
Што почнал да гние. Загниено јаболко.