задроби | св.
Почне да дроби нешто. Задроби од лебот во чинијата со млеко.
задрогаз | м.
Тој што сака често да се задева, да се шегува со друг.
задруга | ж.
(истор.) Семејна заедница, фамилија со поголем број членови, поврзани со блиско крвно сродство, кои водат заедничко домаќинство и имаат заеднички имот. Во минатото, луѓето живееле во големи задруги.
задругар | м.
Член на задруга. Сите селани станаа задругри.
задругари се | св.
задругарски | прид.
Што се однесува на задруга и на задругар. Задругарски однос. Задругарска работа.
задругарство | ср.
Постоење на задруги. Тие беа против задругарството.
задругарува | св.
Почне да другарува;
задружен | прид.
Што е во сопственост на задруга, што се однесува на задруга. Задружна работилница. Задружно бачило. Задружно стопанство. Задружен дом.
задршка | ж.
Задржување, застој, повремено запирање на нормалното одвивање или работа на нешто. Бројте до три со задршка на воздухот. Со големи задршки, колата продолжуваше да се движи напред.