загука | св.
Почне да гука. Загукаа гулабите во гулабарникот.
зад | предл.
Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто, одзади. Зад ридот се крева густ чад. Децата се криеја зад тарабите.
зад- | претс.
Претставка/префикс со значење од другата страна на она што е означено со основата на зборот: задграничен, задгробен, заткулисен, задутре, затскрие.
задава | несв.
задави | св.
Усмрти некого со давење, со спречување на дишењето. Го задавиле со копринена шамија преку устата. Едно куче ја задави нашата мачка.
зададе | св.
Постави, даде некому како задача да реши нешто. Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам. Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот.
Задар | м.
Приморски град во Хрватска.
задача | ж.
Определена работа што треба да се исполни, да се изврши; обврска. Беше среќен што ја исполни задачата како што треба. Нејзина задача е да ја пречека колоната и да отвори оган на неа. Тој никогаш не заборави на задачите што ги беше зел на себе.
задвижи | св.
Почне да движи; движи Надојдената вода ги задвижи воденичките камења.
задграничен | прид.
Што се наоѓа надвор од државните граници на една земја. Задгранична зона. Задгранични области. Задграничен комитет.