заинтересира | св.

Побуди интерес кај некого за нешто, привлече нечие внимание. Новата книга на поетот ги заинтересира читателите. Веста ги заинтересира селаните.

заинтересиран | прид.

Што покажува интерес за нешто. Заинтересиран очевидец. Заинтересирана публика.

заинтересува (се) | св.

Тој се заинтересува за неговата судбина.

заинтересуван | прид.

Заинтересувано дете.

заинтригира | св.

Пројави големо љубопитство, големо интересирање. Сакаше со нешто да го заинтригира.

Заир | м.

Поранешно име на ДНР Конго, држава во Африка.

заискачи се | св.

Почне да се искачува. Тие се заискачија по стрмниот рид.

заискри | св.

Засветка, засјае. Очите му заискрија. Запалката заискри во неговите дланки. Заискрија капките роса по тревата.

заита | св.

Почне да ита, да брза; ита. Тој заита по патот.