зазјапан | прид.
Што е загледан, заѕверен во некого или во нешто. Зазјапани деца.
заигра | св.
За оро, за танец и сл. – почне да игра. Младенците заиграа колку за адет. Наскоро ќе ѝ заиграме на свадба.
заиде | св.
Почне да иде, да доаѓа. Одоздола заиде еден старец. По полето заидоа овци.
заизвира | св.
Почне да извира, да тече. Од очите ми заизвираа солзи.
заизлегува | св.
Почне да излегува едно по друго. Народот полека заизлегува.
заика | св.
Почне да ика. Пиперката толку го излути што заика.
заим 1 | м.
заим 2 | м.
Корисник на голем феудален имот (во Турското Царство).
заима (се) | несв.
заинаети се | св.
Почне да се инаети. Се заинаетил и не сакал да излезе. Таа се заинаети и не сакаше да го послуша.