заитан | прид.
Што е брз. Заитан патник.
закади | св.
Почне да кади (со темјан);
закажан | прид.
Што е претходно договорен, определен со време. Не дојде на закажаната средба. Се собраа на закажаното место.
закаже | св.
Почне да кажува. Таа ми закажа за филмот што го гледала вчера, ама не ми докажа.
закалапи | св.
Почне да калапи тутун. Вчера го закалапивме тутунот.
закалеми | св.
Почне да калеми. Ја закалеми овошката во дворот.
закален | прид.
Што е очеличен, јак, издржлив. Закалени борци.
закали | св.
Разлади усвитено железо со ладна вода за да стане поцврсто: кали Го закалија железото.
закалуѓери | св.
Направи да стане калуѓер, калуѓерка. Девојката ја закалуѓериле против нејзината волја.
закамуфлира (се) | св.