зажабурка | св.
Почне да прави жабурки, да гргори. Водата зажабурка.
зажали | св.
Почне да жали, да чувствува жал за нешто; жали_1 Зажали што не отиде и тој со нив. Зажали што не е школувана.
зажарен | прид.
Што е топол, загреан, усвитен; зажари Зажарена печка. Зажарено сонце.
зажари | св.
Направи нешто многу да се загрее, да се усвити; вжешти. Ја зажари печката и ги седна децата околу неа да се греат. Ковачот го зажари парчето железо и почна да го кове.
заждрига | св.
Почне да ждрига. Откако се најаде, тој заждрига.
заждринга | св.
зажеволи | св.
Почне да жеволи; Козите легнаа под стреата и зажеволија.
зажеволка | св.
зажегли | св.
Стави жегли во јарем при впрегнување добиток. Брзо ги зажегли воловите.
зажеднее | св.