заклокоти | св.
Почне да клокоти, да врие силно; клокоти 2. Неколку меурчиња заклокотија во водата над варта.
заклопи | св.
Стави заклопка на нешто, покрие, поклопи. Ковчегот беше убаво заклопен со капакот.
заклопка | ж.
Тоа со што се покрива нешто; поклопка. Кутијата имаше резбана заклопка.
заклопоти | св.
Почне да клопоти, да тропа;
заклоца | св.
Почне да клоца; клоца Кобилата заклоца со нозете.
заклучен 1 | прид.
Што е затворен со клуч. Заклучена врата.
заклучен 2 | прид.
Што е конечен, дефинитивен, завршен. Заклучен збор. Заклучни ставови.
заклучение | ср.
заклучи | св.
Затвори со клуч. Тој ги заклучи фиоките на бирото. Ја заклучи надворешната врата.
заклучница | ж.
Писмен договор меѓу купувачот и продавачот за купената стока, начин на плаќање и сл.