заклучок | м.
Конечен суд што логичо се изведува врз основа на други судови, мислења. Погрешен заклучок. Правилен заклучок. Важен заклучок. Сигурен заклучок.
закмети се | св.
(арх.) Остане подолго време на функцијата кмет. Се закмети неколку години.
закметува | св.
Почне да кметува. На стари години закметува во селото.
закнезува | св.
Почне да кнезува. Тој закнезува по смртта на татка си.
закнижи | св.
Почне да книжи (во книговодство); книжи. Закнижи од рано изутрина.
закоби | св.
Почне да коби, да насетува зло. Гавранот што прелета како да закоби нешто.
закова | несв.
закован | прид.
Што е забиен, прицврстен; закове_1_2 Зачекори преку закованата поткова на куќниот праг.
закове | св.
Забие клинци во нешто со ковење. Прозорците ги заковале со штици. Тој ја закова вратата со клинци.
закожурчи се | св.
Се затвори како во кожурец, се изолира. Тој се закожурчи во својот внатрешен свет.