законодавен | прид.
Што донесува закони. Законодавен орган. Законодавна власт.
законодавец | м.
Тој што донесува закони. Тој бил познат државник и законодавец.
законодавство | ср.
Дејност на подготовка и донесување закони.
закономерен | прид.
Што подлежи на определени закони, што настанува по определен редослед. Закономерен развој. Закономерна појава.
законотворец | м.
законски | прид.
Што се однесува на закон, што е во духот на законите. Законска обврска. Законски прописи.
закоп | м.
Одбор за закоп. Се врати од закоп.
закопа | св.
Почне да копа. Војниците веднаш закопаа под ридот.
закопан | прид.
Што е пикнат, ставен, скриен некаде. Закопано богатство.
закопачи | св.
Почне да копачи (шума). Селаните закопачија еден дел од шумата.