закупи | св.
Зее под закуп. Таа закупи две ниви, сака да сади тутун. Го закупивме најголемиот ресторан во градот.
закупник | м.
закупнина | ж.
Пари што се даваат за закуп; цена на закупот. Закупнината за станот е многу висока.
закупувач | м.
закуси 1 | св.
Касне малку, по малку. Тој закуси од свинските котлети.
закуси 2 | св.
Почне да куси, да крати нешто. Чорбаџијата им ги закуси дневниците на аргатите.
закуска | ж.
Јадење (обично ладно и во помала количина) што се јаде надвор од редовните оброци, по определени поводи; мала гозба. Таа подготви мала закуска. Сите пријдоа кон масата со закуски.
закуша | св.
закуќи | св.
Стекне куќа, дом. Тој остана в село и таму куќа закуќи.
залага (се) | несв.