залангур | м.
Скитник, уличар. Тој е чорбаџиски син, а не залангур.
залапа | св.
Почне да лапа, да јаде лакомо. Тој залапа од месото. Тие залапаа од мезето.
заласкоти | св.
Засвети, заблеска.
заластари | св.
За лоза – почне да пушта ластари. Лозата заластари.
залафи (се) | св.
залеби | св.
За жито и сл. – фати леб, заврзе плод. Житата залебија.
залебнат | прид.
Придушен, што е без здив (од плачење и др.). Залебнат глас. Залебнато блеење.
залебне се | св.
Се задуши, остане без здив од плачење, од врескање и др. Тој се залебна од смеа. Децата се залебнаа од плачење.
залева | несв.
залегне | св.
Легне за подолго време (поради болест, поради изнемоштеност и сл.); залежи. Старецот залегна во постела.