инсолвентен | прид.

Што е неспособен да плати, платежно неспособен да одговори на обврските; Инсолвентен должник.

инспектор | м.

Службено лице што врши инспекција; контролор. Училиштен инспектор. Полициски инспектор. Инспектор на санитарната управа.

инспекторат | м.

Служба што врши инспекција.

инспекција | ж.

Прегледување, преглед; проверка. Утре, во девет часот ќе извршам инспекција.

инспиративен | прид.

Што дава инспирација; што поттикнува на нешто. Во својата нова книга, поетот наоѓа нова инспиративна тема: родниот крај и неговата убавина. Тој одржа еден навистина инспиративен говор.

инспиратор | м.

Лице што поттикнува на нешто, што вдахнува, дава некоја идеја. Тој не е само учесник во настаните, туку и еден од инспираторите на борбата која ќе го обесмрти.

инспирација | ж.

Ненадејна побуда за духовно творење; вдахновение. Тоа дело беше плод на една силна внатрешна инспирација.

инспирира | св. и несв.

Поттикне, поттикнува, служи како инспирација.

инспициент | м.

Лице што ги води и ги контролира сите работи зад сцената за успешна изведба на претставата.

инсталатер | м.

Лице што поставува, одржува, врши поправки и контрола на определен вид инсталации.