инсталација | ж.
Систем од поставени или вградени технички средства и апарати со определена намена. Електрична инсталација. Водоводна инсталација. Телефонска инсталација.
инсталира | св. и несв.
Постави, поставува инсталација. Моја специјалност е инсталирање медицински електрични апарати.
инстант | прид.
Што се приготвува на најбрз начин. Инстант кафе. Инстант супа.
инстанца | ж.
Секој одделен степен во државната управа, во судската или во административната хиерархија со посебна организираност, надлежност и овластување
инстинкт | м.
Природна побуда својствена за единката како припадник на определен животински вид да се води од барањата на организмот за обезбедување на физиолошкото одржување, за одбраната на интегритетот и за продолжување на видот; нагон. Инстинкт за опстанок. Инстинкт на загрозеност. Родителски инстинкт.
инстинктивен | прид.
Што е нагонски, несвесен, предизвикан од инстинктот. Правеше инстинктивни, ненадејни движења.
институт | м.
Установа што се занимава со научно-истражувачка дејност. Институт за старословенски јазик. Институт за анатомија. Медицински институт.
институција | ж.
Установа, завод, орган на власта, научен или образовен центар. Научна институција. Културна институција. Здравствена институција.
институционален | прид.
Што постои како институција, што се однесува на институција. Институционален статус.
институционализам | м.
Правец во американската политичка економија што го истакнува влијанието на општествените институции врз економското однесување на луѓето.