институционализација | ж.

Претворање во институција, официјализирање. Институционализацијата на нечии лични интереси ќе има негативни последици.

институционализира (се) | св. и несв.

Направи, прави нешто да добие облик на институција, да стане во правна смисла призната институција.

инструира | св. и несв.

Поучи, поучува; даде, дава упатство за работа.

инструктивен | прид.

Што содржи или дава инструкции, што упатува, поучува; корисен. Настојуваше низ инструктивни сугестии да придонесе за подобро совладување на литературниот јазик.

инструктор | м.

Лице што дава инструкции, што поучува, што врши обука за оспособување во некоја дејност.

инструкција | ж.

Упатство, упатување, поучување како да се изврши некоја работа, задача. Тие дејствуваат според неговите инструкции. Им даваше инструкции на учениците.

инструмент | м.

Направа, орудие, алат. Операцијата беше успешно извршена со најпрецизни хируршки инструменти.

инструментален | прид.

Што се изведува со музички инструменти. Инструментална музика.

инструментализира | св. и несв.

Претвори, претвара во оружје, во инструмент за лична корист.

инструментариум | м.

Сите инструменти потребни за вршење определена дејност.