инструментарка | ж.

Медицинска сестра што се грижи за стерилноста на хируршките инструменти за време на операција.

инсулин | м.

(мед.) Хормон на панкреасот што ја регулира размената на шеќерот во организмот.

инсуфициенција | ж.

(мед.) Неспособност, слаба работа на некој орган (особено на срцето) како последица на некое заболување.

инсценација | ж.

Кулиси и опрема за театарска претстава, сценско обликување; сценографија.

инсценира | св. и несв.

Направи инсценација за театарска претстава, преработи, преработува литературно дело за изведба на сцена.

инсцениран | прид.

Што е лажно предизвикан, наместен. Сите апсења беа инсценирани, наместени.

инт | м.

Памучна преѓа.

интабулација | ж.

Внесување, запишување на имотно право и обврски во катастарските книги.

интарзија | ж.

Уметничко украсување на предмети од дрво со вметнување на парчиња од дрво, бисер, седеф, слонова коска и др.

интеграл | м.

Величина добиена како резултат на операција спротивна на диференцирањето и се разгледува како сума од своите најмали делови.