интегрален | прид.

(мат.) Што се однесува на интеграл. Интегрално сметање.

интегративен | прид.

Што интегрира, поврзува, што обединува. Интегративен процес.

интеграција | ж.

Поврзување на определени делови во целина поради заеднички интереси и за поуспешно дејствување; интегрирање, соединување, обединување.

интеграционен | прид.

Што се однесува на процесот на интеграција.

интегрира | св. и несв.

Поврзе, поврзува во една целина, соедини, соединува, обедини, обединува. Владата ги интегрира тие две организации.

интегрираност | ж.

Поврзаност во една целина, единство. Интегрираност на жените во политиката.

интегритет | м.

Целокупност, зачувана целост; неприкосновеност.

интелект | м.

Ум, разум; моќ и способност на човекот за сфаќање, разбирање, спознавање. Тој имаше извонредно висок и жив интелект.

интелектуален | прид.

Што се однесува на интелект; мисловен, духовен. Ниско ителектуално ниво. Интелектуална дејност. Интелектуален работник.

интелектуалец | м.

Образован човек што се занимава со умствена, духовна, творечка дејност; умствен работник.