интердисциплинарен | прид.
Што опфаќа и што се однесува на повеќе научни дисциплини. Интердисциплинарни студии.
интерен | прид.
Што е внатрешен, што е наменет, што се однесува на внатрешноста на некоја средина. Интерни болести.
интерес | м.
Особено внимание, наклонетост, насоченост кон некого или кон нешто. Неговиот интерес кон фолклорот потекнува уште од детството.
интересен | прид.
Што побудува интерес; занимлив, привлечен, забавен. Интересна книга. Интересна девојка.
интересент | м.
Лице што е заинтересирано за некого или за нешто. Има голем број интересенти за народната изворна музика.
интересира | несв.
Привлекува, предизвикува нечиј интерес. Политиката не ме интересира. Веќе подолго време го интересира таа жена.
интересност | ж.
Занимливост. Играта веќе ја загуби својата интересност и им стана здодевно на сите.
интересовен | прид.
Што се засновува врз интереси. Интересовна група.
интересува (се) | несв.
интересчија | м.
Човек што ги гледа само сопствените интереси со цел да искористи некого или нешто. Чудни луѓе сме: арамии, интересчии, ненаситни итромани.