изгребе | св.
Оштети со гребење до крај, целосно, издраска; гребе Ја изгреба тепсијата триејќи ја со остар предмет. Мачката го изгреба по лицето и рацете.
изгрев | м.
Изгревање на сонцето; Од изгрев до залез неговата џиновска фигура се гледаше по нивите.
изгрева | несв.
Излегување, појавување на небесно тело, обично за сонцето и месечината. Месечината изгрева во пет часот попладне.
изгрее | св.
За небесно тело, сонце, месечина ‒ излезе, се појави, огрее. Сонцето изгреа црвено и ја исуши росата.
изгрејсонце | ср.
Време кога изгрева сонцето. На изгрејсонце станавме.
изгризе | св.
Со гризење изеде или расипе, уништи; Глувците ги изгризале штиците под прагот. Дрвото го изгризале црви.
изгрми | св.
Загрми силно, многу, неколку пати едно по друго.
изгруби | св.
Стане многу груб, грд во лицето или снагата. Работата ѝ го изгруби лицето.
изгрува | св.
Заврши со грување. Ја изгрувавме пченката.
изгуби | св.
а) Остане без нешто материјално; загуби. Ги изгубив клучевите. Го изгубив чадорот. б) Остане без некое својство, без можност да се служи со нешто. Го изгубил слухот. Го изгуби здравјето. Цвеќево го изгубило мирисот. в) Остане без некого (без син, брат, родител итн.) поради смрт. Изгубивме добар другар. Таа го изгуби брачниот другар многу рано.