измокри | св.
Намокри, направи нешто да биде мокро целосно, до крај. Децата ги измокрија ногавиците шлапкајќи по вирчињата.
измолзе | св.
Со молзење извлече млеко од животно; молзе. Овчарите ги измолзија овците.
измоли | св.
Добие, изнуди нешто со молење. Тие измолија средства од општината за нивниот проект. Таа измоли пари од брата си за синот.
измолкне | св.
Извади, извлече нешто од негде. Момчето го измолкна мечот од пазувите и го фрли пред противникот. Со два прста го измолкна пликот од џебот.
изморен | прид.
Што многу се изморил. Изморен човек. Изморени работници.
измори | св.
Направи некој да стане, да биде премален, умори; исцрпи нечија сила до состојба на замор. Стопанот ги измори аргатите со прекумерните барања. Господарот го измори коњот. Долгите дискусии ги изморија присутните.
измота | св.
Мота, намота сè до крај, целосно; мота, намота. Ткајачката го измота сето предено.
измотка | св.
измоча | св.
Изврши мочање врз/на нешто. Тој го измоча крвавиот прст, да не загнои.
измрда | св.
Мрдне, помести од своето вообичаено место. Малку ја измрда масата накај прозорецот.