изретчи | св.

Направи да биде ретко, проретчено. Градинарите го изретчија расадот. Дождот ги изретчи минувачите.

изрече | св.

Искаже, изрази со зборови, изговори, рече: збор, мисла, исказ. Тој изрече најнавредливи зборови за својот татко.

изречен | прид.

Што е искажано, изречено. Гласно изречен прекор.

изречлив | прид.

Што може да се изрече, да се искаже (често во негирана форма). Чувствуваше неизречлива болка.

изречно | прил.

Кажано јасно, недвосмислено, без можност за двоумење. Тој изречно кажа како да се постапи во вакви ситуации.

изрешета | св.

Направи нешто да биде како решето, обично со истрели од огнено оружје. Војниците ги изрешетаа бегалците.

из'ржи | св.

За животно ‒ се огласи со 'ржење. Кучето из'ржи на непознатиот.

изриба | св.

Заврши со рибање, чистење на некоја површина. Жената ги изриба скалите.

изрива | несв.

изрига | св.

Исфрли силно со ригање, блуе. Вулканот изрига лава во огромни количества. Оџакот изрига црн чад.