имењак | м.
Човек што има исто име со некој друг. Подобар си од твојот имењак по којшто си го добил името.
имза | ж.
Своерачен потпис.
имигрант | м.
Човек што се доселил во некоја друга земја заради подолготраен или постојан престој; доселеник.
имиграција | ж.
Вселување, доселување во друга земја заради подолг или постојан престој.
имигрира | св. и несв.
Се досели, се доселува во туѓа земја;
имитатор | м.
Тој што имитира, што умее да имитира, да подражава некого или нешто.
имитација | ж.
Дело создадено спрема некој образец со подражавање на некого или нешто.
имитира | несв.
Подражава, прави нешто според даден пример, по образец на некој друг. Тој вешто ги имитира чудесните потези на Пикасо.
имиџ | м.
Претстава што ја создава за себе во јавноста некоја личност, група, институција итн.; углед, репутација.
имобилен | прид.
Неподвижен, постојан, здрвен.