имобилизам | м.
Неподвижност, неактивност.
имобилизација | ж.
Ставање подлога, гипс, завој и сл. на рака, нога или друг дел од телото при повреда, скршување.
имобилизира | св. и несв.
Направи, прави да биде нешто неподвижно.
имовит | прид.
имот | м.
Сето тоа што е во сопственост на некого. Голем имот. Имотот го наследија децата. Го продал имотот.
имотен | прид.
Што се однесува на имот. Имотна состојба. Имотен лист.
имотлив | прид.
Што има многу имот.
имотник | м.
Човек што има голем имот; богаташ.
имотнина | ж.
императив | м.
(грам.) Глаголски облик со кој се изразува заповед, забрана, поттик, молба и сл.; заповеден начин.