оџагари | св.

Отвори широко очи (од изненадување, од чудење, од страв). Ги оџагари очите.

оџак | м.

Отвор на куќата (или на некој објект) во облик на ѕидан шуплив столб од каде што излегува чадот од огнот. Секоја куќа си има оџак. Од оџакот на локомотивата излегуваше црн чад.

оџачар | м.

Тој што чисти, што одржува оџаци. Оџачарот се качи на покривот за да го исчисти оџакот.

ошав | м.

компот.

ошлака | св.

Извалка, испрска со нечистотија. Тој го ошлака палтото.

ошмара | ж.

Каша од брашно и младо сирење. За вечера му даде ошмара.

оштета | ж.

Нанесување штета, оштетување.

оштетен | прид.

Што претрпел штета, на кого му е нанесена штета. Оштетена страна. Зградата беше многу оштетена.