падарина | ж.

Награда, плата на падарот.

падарлак | м.

Занимање на падар.

падарница | ж.

Падарска колиба.

падеж | м.

Форма при промената на именските зборови што го покажува односот со другите делови од реченицата.

пади | несв.

Брка, гони, тера. Не пади си ги децата од куќа, ќе ти требаат. Детето ги падеше птиците од патот.

падина | несв.

падина | ж.

Површина или страна од ритче или од планина што има благ пад, наклон. Зелена падина. Благи падини на планините. Стада овци пасеа по падините.

падишах | м.

Титула на султаните од Турското Царство и на други монарси во некои источни земји. Тој беше верен поданик на падишахот.

паднат | прид.

Глаголска придавка од падне.

паднат | м.

Тој што паднал во борба. Споменик на паднатите.