падне | св.

Изгуби потпора, рамнотежа и, повлечен од сопствената тежина, се струполи, се урне наземи од високо или од положбата во која стои. Алпинистот падна од десетина метри височина. Тој изгуби рамнотежа и падна од гредата. Јунецот се сопна и падна. Ако не ја поправи, куќата ќе падне.

падобран | м.

Направа за безбедно скокање или спуштање од авион на земјата, што автоматски се отвора и се шири во воздухот во вид на платнена купола. Скокаше од падобран со раширени раце. Во воздухот летаа разнобојни падобрани.

падобранец | м.

Тој што се спушта со падобран; војник што се спушта со падобран заради напад во непријателската заднина. Скок на падобранец. Германците пуштија падобранци.

падобранство | ср.

Скокање со падобран од авион во лет.

Падова | ж.

Град во Италија.

пае | несв.

Суши, проветрува рибарска мрежа.

паж | м.

Млад дворјанин во служба при дворот.