табор | м.

а) Една од двете спротивставени војски, завојувани страни. Воени табори. б) Една од двете спротивставени групи, противнички страни. Така во селото се направија два противнички табора.

табу | ср.

Кај некои народи – забрана што се става над некаков предмет, збор, над некакво дејство.

табуретка | ж.

Ниско тапацирано столче без наслон. Кожена табуретка.

табут | м.

Носила на кои муслиманите го носат мртовецот.

тава | ж.

а) Плиток, тркалезен метален сад со рачка за пржење. б) Тркалезен или правоаголен сад за печење.

таван | м.

Горната, хоризонтална внатрешна страна на една просторија; плафон. Собата беше со ниски тавани. Резбарен таван.

тавмина | прил.