т | глас

Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, забновенечна според местото на образување, избувлива според начинот на образување.

та 1 | сврз.

За поврзување делови што се приредени и воспоставуваат составна врска меѓу себе, поврзувајќи дејства што се одвиваат последователно; да, па, и. Тој само врескаше та никој друг не прозборе. Таа си направила убав фустан та си го облекла веднаш. Детето си ги затвори очите та си заспа.

та 2 | чест.

За да се нагласи, истакне тоа што ќе се рече во зборовите што следуваат. Та не исчезна момите за да биде сам.

таа 1 | зам.

Лична заменка за трето лице еднина, женски род; го означува лицето или предметот за којшто се зборува; Таа застана изненадено.

таа 2 | зам.

Показна заменка за женски род еднина. а) Укажува на поим (лице, предмет) што е во непосредна близина на говорителот. Донеси ми ја таа книга да ја прочитам. б) Укажува на нешто што е веќе споменато, кажано од говорителот. Таа година беше надојдено езерото.

таан | м.

Густа каша добиена од мелен сусам.

таан-алва | ж.

Вид алва приготвена со таан.

табак 1 | м.

а) Парче, лист хартија, обично поголем. Тој ги остави испишаните табаци на масата и излезе. б) Единица мерка за обемот или форматот на книга или весник, што се добива со превиткување на еден лист хартија, односно со бројот на употребени букви, знаци. Словослагачите подготвуваат по три печатарски табаци во седмицата.

табак 2 | м.

Тој што штави кожи, кожар. Табаците сите кожи ги прибираа в каци.

табакера | ж.

Џебна, обично метална кутија за цигари или тутун. Момчето извади цигара од својата сребрена табакера.