цезура | ж.
(поет.) Ритмичка починка, пауза среде стих од повеќе стапки. Во оваа песна стихот е осмерец со цезура по петтиот слог.
Цејлон | м.
Поранешно име на Шри Ланка, Азија.
цекин | м.
Златна пара што некогаш се користела во Италија. Ќесе со цекини.
цел | прид.
а) Што ги има сите делови, што е полн, целосен. Цел леб. Цела куќа. Цела сума. Цела приказна. б) Што е неповреден, неоштетен, нескршен. Шишето падна, ама остана цело.
цел | ж.
Нешто кон кое се стреми човек, нешто што сака да го постигне. Животна цел. Образовна цел. Добротворни цели. Политички цели.
целеличок | прид.
целен | прид.
Што има определена цел, намена; што е поради некоја цел. Целна група.
целеничок | прид.
Само во составот цел-целеничок, обично нечленувано ‒ целосен, во целост.
целер | м.
Вид зеленчук сличен на магдоносот, се употребува како зачин и како салата; Apium graveolens.
целесообразен | прид.
Што одговара на поставената цел, што е соодветен, корисен, правилен. Целесообразен начин. Целесообразна анализа.