целец | м.
Лековита самоникната билка со виолетови цветчиња; Brunella vulgaris. Чекоревме низ целецот.
цели | несв.
Има цел, се стреми кон некоја цел. Демократите целеа на изборна победа. Директорот целеше да внесе ред и дисциплина во колективот.
целибат | м.
Неженство, безбрачност. Целибатот е ретка појава на овие простори.
целив | м.
целива | несв.
Бакнува. На сите им целива рака.
целивка | ж.
целивне | св.
Бакне. Ја целивна во челото. Му целивна рака на владиката.
целина 1 | ж.
Нешто што е цело, неподелено, полно, комплетно, што ги има сите делови. Наставна целина. Поетска целина. Логички целини.
целина 2 | ж.
Необработена или запуштена земја. Селаните ги копачеа целините.
целисходен | прид.