цензус | м.

(истор.) Процена на имотот на граѓаните во Стариот Рим заради распределување во даночни групи.

цени 1 | несв.

Определува, утврдува цена или вредност во пари на нешто што се продава или што се надоместува. Купувачот ја ценеше куќата. Винарите го ценеа грозјето. Штетата од поплавите ја ценеа во милиони денари.

цени 2 | несв.

Ангажира некого за момок, слуга и сл. во побогато семејство.

ценка се | несв.

Се нагодува, се договара, се обидува да постигне цена во своја корист. Секогаш се ценка кога купува на пазар.

ценовник | м.

Список на стоки, услуги и сл. со означени цени. Ценовник на такси‒услуги. Ценовник на јадења.

ценост | ж.

Вредност, драгоценост. Културни цености.

цент | м.

Стоти дел од американскиот долар и од паричните единици на некои други земји. Еден долар и педесет центи.

цента | ж.

цент.

центар | м.

(мат.) Точка што е еднакво оддалечена од сите точки на кружницата или од површината на топката.

центарфор | м.

Играч што игра во средината и го организира нападот во фудбал. Центарфорот го поведе нападот.