царштина | ж.

Царска држава, царство. Голема е нашата царштина. Тоа е во интерес на царштината.

цацар | м.

Вид грав со ситни зрна.

цацка | несв.

За дрва ‒ ситни, сече на ситни парчиња; цепка. Цел ден ги цацкаше дрвата.

цацко | м.

Ѓавол, враг, сатана, зол дух. Ме натера цацко и се скарав со брат ми.

цванцик | м.

Стара австриска сребрена пара. Во џебот имаше неколку цванцици.

цвеќар | м.

Лице што одгледува или продава цвеќиња. Цвеќарот продаваше само рози.

цвеќарник | м.

Градина, место каде што се одгледуваат цвеќиња. Цвеќарник со лалиња.

цвеќарница | ж.

Продавница за цвеќиња. Работи во цвеќарница.

цвеќарски | прид.

Што се однесува на цвеќар и на цвеќарство. Цвеќарска професија. Цвеќарска улица.

цвеќарство | ср.

Одгледување и трговија со цвеќиња. Се занимава со цвеќарство.