цвеќе | ср.
Растение со лисја и со цвет. Собно цвеќе. Зимско цвеќе. Расцутени цвеќиња. Полски цвеќиња.
цвекло | ср.
Едногодишно градинарско растение со големи долгнавести листови и тркалезен, сочен, црвен корен што се користи во исхраната на човекот; Beta vulgaris. Сок од цвекло. Салата од цвекло.
цвекне | св.
Пушти силен метален звук, цакне, ѕвекне. Парите цвекнаа на бетонот.
цвеќник | м.
цвет | м.
(бот.) Дел од растение што се состои од зелена чашка со цветни листови, плодник и толчник и служи како орган за размножување; цут. Јаболков цвет. Лотосов цвет. Црвени цветови.
цвета | несв.
Развива, пушта цвет; цути. Цвета јоргованот. Цветаат липите.
цветеж | м.
Цветање. Пролетен цветеж.
цветен 1 | прид.
Што се однесува на цвет, што му припаѓа на цвет. Цветен прав. Цветна пупка.
цветен 2 | прид.
Што се однесува на деновите пред празникот Цветници. Цветен петок. Цветна недела.
цветец | м.
Носеше бел цветец во косата.