цвети | несв.
цветне | св.
Процвета, расцвета, пушти цвет. Цветна јаболкницата во дворот.
цветник | м.
Цветници | и.
Христијански празник, посветен на Христовото влегување во Ерусалим, што се слави во неделата пред Велигден; Цветна недела. Првпат отиде кај нив дома на Цветници.
цветок | м.
Жолт цветок.
цветоносен | прид.
Што има цвет, што е со цвет. Цветоносно стебло. Цветоносни растенија.
цветче | ср.
Сино цветче. Разнобојни цветчиња.
цвик | м.
Течност што се исцедува од потсирено млеко, сирење или урда; преварена и прецедена сурутка. Пресен цвик.
цвика | несв.
цвикне_1
цвикне | св.
Пресече наеднаш со клешта, обично метална жица и др.