ѓомлезец | м.

Вид ориентално јадење; кори од пченкарно или пченично брашно потпечени под сач.

ѓон | м.

Штавена цврста говедска или коњска кожа.

ѓотлук | м.

Заден дел на панталони.

ѓубрар | м.

Тој што го чисти и го собира ѓубрето; ѓубреџија. Се слушаа само гласовите на ѓубрарите во подолните улици.

ѓубрарник | м.

Сад за ѓубре.

ѓубрарски | прид.

Што е наменет за ѓубре, што се однесува на ѓубре. Ѓубрарска кола.

ѓубрач | м.

Тој што ја ѓубри нивата со ѓубре.

ѓубре | ср.

Отпадоци, нечистотија, смет. Четката за под везден стоеше среде собата заедно со ѓубрето.