авторов | прид.
Што му припаѓа на автор. Авторовиот труд треба да се награди.
авторство | ср.
Припадност на авторско дело, авторска своина. За авторството на споменатата песна постоеле сомненија во науката.
автосервис | м.
Сервис, работилница за поправка на автомобили.
автостоп | м.
Запирање моторно возило на пат од пешак со молба да биде превезен. Децата тргнале низ Европа автостоп.
автостопер | м.
Лице што патува автостоп. Следуваше распаќе, на меѓата чекаа автостопери.
автострада | ж.
автосугестија | ж.
Моќ на уверување на самиот себеси, влијание врз самиот себе.
автосугестивен | прид.
Што врши автосугестија, што се прави со автосугестија. Последната мисла почна да ја шепоти како автосугестивна лозинка.
автотранспорт | м.
Превоз на патници и стока со автомобили и камиони.
автотранспортен | прид.
Што се однесува на автотранспорт. Автотранспортно претпријатие.