автопортрет | м.
Сопствен портрет (кога сликарот ќе се наслика сам себеси). Го црта својот автопортрет.
автоприколка | ж.
Приколка, простор за товар што се прикачува на возилото.
автор | м.
Творец, создавач на некое дело, најчесто уметничко или научно. Автор на епиграми. Автор на книга. Автор на манифестот. Анонимен автор.
авторемонт | м.
Поправка, обновување на моторно возило.
авторизација | ж.
Потврдување, прифаќање на текст или на пронајдок, изум за свој; примање врз себе авторска одговорност и права за авторско дело. Авторизациите на нивните творби се појавија многу подоцна.
авторизира | св. и несв.
Изврши, извршува авторизација, потврди, потврдува авторско право. Тој веднаш го авторизира сопственото дело.
авторитарен | прид.
Помошта на наставниците не смее да биде авторитарна.
авторитативен | прид.
Што е со авторитет, што заслужува безусловна доверба. Основните правописни правила се озаконија и станаа авторитативни.
авторитет | м.
(само едн.) Доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност. Во фамилијата гледа два неприкосновени авторитета: домаќинот на куќата и мајката.
авторитетен | прид.
Што е со авторитет. Рече со мирен, но авторитетен глас. Авторитетен професор.