автохтон | прид.
Што е по потекло од местото во кое живее, што е староседелец. Автохтона раса. Автохтон народ.
автоцензура | ж.
Самоцензура, свесно ограничување на сопствената слобода на творештво. Строга е автоцензурата на младиот поет.
ага | м.
Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција. Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги. Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
агалак | м.
Звање, достоинство на агата, агување.
агенда | ж.
(админ.) Работи што се во тек, незавршени акти.
агенс | м.
Она што е сила, двигател, делотворно средство, што предизвикува некоја промена.
агент | м.
Лице вработено во служба за безбедност, детектив, платен доставувач. Таен агент. Полициски агент.
агентура | ж.
Мрежа од шпиони и диверзанти на одредена влада. Како да се дојде до вистинските патриоти покрај разните соседни агентури?
агенција | ж.
Посредничка фирма што врши определени услуги за други фирми, установи или за приватни лица. Авторска агенција. Рекламна агенција. Туристичка агенција.
агилен | прид.
Што е вреден, работлив, брз, снаодлив, активен, претприемчив. Сѐ уште сум прилично агилен и подвижен, па патувам и гостувам таму-ваму.