агин | прид.

агитатор | м.

Лице што врши агитација, што се искажува за некоја идеја отворено и упорно.

агитација | ж.

Усна или писмена дејност со цел да се дејствува на масите преку ширење на определени идеи; средство на политичка борба, поттикнување, наговарање. Нивната агитација беше постојана и моќна. Нејзините зборови беа само агитација за да се предизвика неред.

агитира | несв.

Врши агитација, се занимава со агитација. Тој агитираше меѓу работниците, но тие не го земаа сериозно.

агитпроп | м.

Скратеница за агитација и пропаганда; одделение за агитација и пропаганда кај политички и други организации. Тој беше во еден од баталјоните, а јас во агитпропот на бригадата.

агитпроповски | прид.

Што се однесува како агитпроп, наликува на агитпроп. Идеологизација на функциите на уметноста на агитпроповски начин.

агица | ж.

Жена на ага.

аглест | прид.

Што е по форма како агол, што личи на агол. Тој се загледува во ова бледо и неправилно аглесто лиценце.

агломер | м.

Инструмент, направа за мерење агли. Наоколу лежеа помагала, разни агломери, шестари и еден линијар.