агломерат | м.
(геол.) Маса, материјал што настанал со слепување на поситни и покрупни елементи, карпа, руда и сл.
агломерација | ж.
Групирање, слепување, собирање, натрупување на разнородни елементи во поголеми целини.
агов | прид.
Што припаѓа на ага, што се однесува на ага. Агов имот. Агови аргати.
аговски | прид.
Што се однесува на ага. Добитокот беше бележан со аговски белег.
агол | м.
(мат.) Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка. Прав агол. Остар агол. Тап агол. Неправилни агли.
аголен | прид.
Што се наоѓа на агол. Аголна гарнитура за седење. Аголно масиче. Аголен плакар.
агонија | ж.
(мед.) Состојба без свест непосредно пред смрт. Претсмртна агонија. Пеколна агонија. Пред да умре, во агонија, го побара да го види.
Агра | ж.
Град во Северна Индија.
аграр | м.
Општ назив за земјоделство, за земјата, за законите сврзани со земјишните односи и сл. Состојбите во аграрот. Аграрот во државата.
аграрен | прид.
Што се однесува на аграр, земјиштен, земјоделски. Аграрен фонд. Аграрна реформа.