агрегат | м.
(минер.) Збир, спој на еднородни или различни минерали во една целина. При навлажнување и нагло сушење на почвата се создаваат ситнозрнести агрегати. Почвени агрегати. Структурни агрегати.
агрегатен | прид.
Што се однесува на агрегат, што има својство на агрегат.
агреман | м.
Одобрение, согласност од една држава за прифаќање на дипломатски претставник од друга држава. Претседателот даде агреман за новиот амбасадор.
агресивен | прид.
Што е склон на напаѓање, насилен, дрзок; што е непријателски настроен. Агресивна личност.
агресивец | м.
Лице што е насилно, дрско.
агресија | ж.
Непредизвикан напад за освојување или потчинување. Воена агресија. Јазична агресија.
агресор | м.
Тој што врши агресија, напаѓач. Новата доктрина се темели на одвраќањето на потенцијалниот агресор.
агри- | претс.
Како прв дел од сложенка со значење: се однесува на земјоделство. Агрикултура.
агро- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: се однесува на земјоделство (агроекологија, агробиологија, агрохемија, агрометеорологија, агрономија, агротехника).
агроном | м.
Специјалист по агрономија; лице со завршен земјоделски факултет или друга земјоделска школа.