агрономија | ж.
Наука за земјоделството.
агротехника | ж.
Примена на технички средства при обработка на земјиштето.
агруми | и.
Општ, заеднички назив за јужното овошје со киселкав вкус, лимон, грејпфрут и сл.
агува | несв.
(истор.) Има положба на ага, е ага. Турците агуваа со определени територии.
аѓутант | м.
(воен.) Офицер на служба кај некој повисок старешина. Царски аѓутант. Аѓутантот на генералот.
аѓутантство | ср.
Звање, должност на аѓутант.
ад | м.
(мит.) Ад – митолошки богна подземниот свет. Во домот на Ад те поздравувам.
ада | ж.
Речен или езерски остров. На адата има два извора.
адам | м.
Неплоден, кастриран, скопен. Не ќе бидат сите мажи адами!
адаптабилен | прид.
Приспособлив.