ајван | м.
Животно, добиток. Селаните, качени на ајваните, одеа во Битола.
ајвар | м.
Вид салата од печени, мелени и пржени пиперки. Гостите ги почести со ајвар и сирење.
ајгар | м.
Коњ пастув.
ајгарува | несв.
Живее разуздано.
ајдамак | м.
Неранимајко, скитник. И тој ајдамак излегол со разбојници во гората.
ајде | чест.
Со значење на заповед. Ајде стани развредни се! Ајде оди, не седи тука! Ајде напиј се и на ништо не мисли!
ајдук | м.
(истор.)Отпадник што се борел против турската власт. По овој настан тој стана ајдук и и се приклучи на дружината.
ајдуков | прид.
Што припаѓа на ајдук. Ајдуков гроб.
ајдукува | несв.
(истор.) Живее и дејствува во својство (состојба, статус) на ајдук. Меѓу нив има и такви кои со години ајдукувале. Мажите ајдукуваа и војуваа.
ајдутин | м.
Толе е опасен ајдутин. Не е лесно да се биде ајдут.