ајдутство | ср.

(истор.) Ајдучка дејност. Ајдутството е еден вид форма на национално движење за слобода.

ајдутува | несв.

Толе ајдутуваше неколку години.

ајдучица | ж.

Жена ајдук.

ајкула | ж.

Голема граблива опасна риба со издолжено вретенесто тело и полукружна голема уста на долниот дел од главата; морски пес, куче; Carcharias glaucus. Го голтна некоја ајкула уште жив.

ајлак | м.

Месечна плата, доход. Да се извлече месечниот ајлак за себе.

ајле | прил.

Прилично, доста, многу, значително. Немаше давање-земање ајле, ајле со чаршијата.

ајљаз | м.

Безделник, неработник, мрзливец, скитник.

ајљази (се) | несв.

Безделничи, скита.

ајмана | ж.

ајван_1

Ајндховен | м.

Град во Холандија.