академски | прид.
Што се однесува на академија на науките и на академик. Академско гледиште.
акал | м.
Ум, памет. Кај ти беше акалот!
акалец | м.
Нерез, нескопено домашно животно, обично коњ или крмнак.
акација | ж.
аквадукт | м.
аквамарин | м.
(мин.) Проѕирен полускапоцен камен со боја како морската вода.
акварел | м.
Водна, посна боја. Повеќето слики се во масло и во акварел.
акварелен | прид.
Што е насликан со акварел.
акварелист | м.
Лице што слика акварели.
аквариум | м.
Сад, обично стаклен, или базен со вода за негување на водени билки и животни. Во аквариумот имаше црни морски ежови.