акватинта | ж.

Графичка техника на длабоко печатење. Најрафинирани резултати уметникот постигнува во акватинта.

акведукт | м.

Стар водовод, поставен врз градба во вид на мост со повеќе лакови. Римски акведукт.

аквизитер | м.

Собирач на огласи, муштерии или претплатници; трговски посредник. Го отстрани наметливиот аквизитер.

акламација | ж.

Едногласно одобрување. Публиката со бурна акламација го покажа задоволството од претставата.

акламира | несв.

Одобрува, гласно прифаќа. Публиката бурно акламираше.

аклија | прид.

Што има ак, што има право. Како да кажам, аклија е кметот.

аклиматизација | ж.

Приспособување на живите организми кон нова средина или кон поинакви климатски услови;

аклиматизира | св. и несв.

Приспособи, приспособува кон туѓа клима

акмак | м.

Глупак, будала. Отец игуменот повела! – се вели, акмаку!

акна | ж.

Мозол, мозолка; кожна болест во вид на брончиња и гнојници. Лицето и беше цело со акни.