ајнц | м.
Вид игра со карти. Го ќарив од оној луд офицер на ајнц.
ајс! | изв.
Извик за терање на воловите при орање.
ајта | ж.
Широк, бел празничен фустан. Ветерот ја развејува белата ајта.
ак | м.
Плата, награда. Си го зема акот, а службата не си ја врши.
ака | несв.
Скита, оди, шета без некаква цел и без потреба; талка. Тој ака по кафулиња.
Акад | м.
Припадник на древен народ во Месопотамија.
академец | м.
Ученик во воена академија. Тој е академец од првата повоена генерација.
академизам | м.
Одделување на науката од животот, претерано теоретизирање, научен формализам, затврдени школски форми, особено во уметноста. Со вдахновен актерски чин го облагородува креативниот израз, лишен од манирите на академизмот.
академија | ж.
Назив на највисока научна или уметничка установа. Македонска академија на науките и уметностите. Француска академија на науките.
академик | м.
Член на академија на науките.