акумулација | ж.
Насобирање, натрупување. Таквата постапка значи акумулација на капиталот.
акумулира | св. и несв.
Насобере, насобира нешто на едно место. Фондот ги акумулира средствата во неколку сектори.
акупунктура | ж.
Начин на лекување болести со забодување игли во кожата, примен од традиционалната кинеска и јапонска медицина. Со помош на акупунктура тој ослабна десет килограми.
акуратен | прид.
Што е точен, уреден, прецизен.
акустика | ж.
Наука за звукот.
акустичен | прид.
Што се однесува на акустиката. Акустичен преглед. Акустичен впечаток.
акутен | прид.
Што е остар, силен, жесток.
акушер | м.
Лекар, медицинско лице специјализирано за породување.
акушерски | прид.
Што се однесува на акушер, акушерка и акушерство. Акушерски оддел. Акушерско одделение.
акушерство | ср.
Медицинска дејност што го опфаќа предродилниот и родилниот период кај жените.